Елен Деџенерис ќе биде почестена со Наградата за животно дело на „Златните глобуси“ следната година, во чест на нејзината 25-годишна кариера, објавија организаторите.
Деџенерис (61) е само втор добитник на наградата за животно дело на телевизија, воведена минатата година и е еквивалент на наградата Сесил Б. Демил за остварување на филм.
„Покрај тоа што е успешна во својата работа на телевизија, Деџенерис е филантроп, таа зборува за оние кои немаат право на глас и шири љубезност и радост преку нејзината платформа“, рече Лоренцо Сорија.
Деџенерис веќе доби две од највисоките признанија во САД – Претседателскиот медал за слобода и наградата Марк Твен за американски хумор.
Наградите „Златен глобус“ за филм и телевизија ќе се одржат во Беверли Хилс на 5 јануари 2020 година.