Пред неколку дена луѓето ширум светот носеа различни костими по повод Ноќта на вештерките. Меѓу другите тоа го стори и актерот Бредли Купери. Холивудскаата ѕвезда е видена како во несекојдневно издание се шета со својата ќерка по улиците на Њујорк.
Купер беше преправен во ликот на госпоѓа Даутфајер од истоимениот филм. Бредли на себе имаше перика, кафен џемпер, бела кошула и розево здолниште.
Инаку госпоѓа Даутфаер во комедијата од 1993-та година ја играше славниот актер Робин Вилијамс, а ова остварување беше исклучително популарно во светот.