Актерот Даниел Крејг се стекна со светска слава глумејќи во филмовите за Џејмс Бонд, што му донесе и значителна финансиска добивка. Како што пишува Mens Health, холивудската ѕвезда заработила огромна сума пари која се мери во милиони долари.
Имено, првиот филм каде Крејг го толкуваше ликот на Бонд, „Casino Royale“, од 2006-та година, од прикажување во кино-салите низ светот, заработил дури 599.045.960 долари. Од продолжението „Skyfall“, каде Даниел исто така се појавува во улогата на агентот 007, донела заработка од преку милијарда долари.
Актерот од ова профитирал, а во 2015-та година се најде на листата на Форбс, на најплатени актери со заработка од 27 милиони долари за филмот „Spectre“. По снимањето на овој филм, Даниел добил понуда да сними уште два филма за Џејмс Бонд, при што би инкасирал 150 милиони долари.
Тој прифатил да глуми во само уште едно продолжение под називот „No Time To Die“ и тоа ќе биде негова последна улога како агентот 007.