Ѕвездата од реалните шоуа и активистка за човекови права, Ким Кардашијан на Твитер се пофали со најубавиот роденденски подарок што досега од добила од својот сопруг.
Имено, се работи за еден милион долари што раперот Кање Вест ги подари во хумантарни цели, но во нејзино име.
I got amazing gifts from my whole family and Kanye for me the most amazing bags. But he also donated $1 million to my favorite charities that work so hard on prison reform on my behalf from him and the kids. This makes my heart so happy! pic.twitter.com/chNkyPRQGW
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) October 22, 2019
Таа веќе неколку дена го слави својот 39. роденден. Изминатиов викенд, таа уживаше со своите сестри во Палм Спрингс, Калифорнија, забава која ја сподели и со обожавателите на интернет. А пак, синоќа уживаше во семејна вечера во нејзиниот дом.
Донацијата, инаку, е наменета за каузата за која Ким со години се залага – реформа на затворскиот систем во САД.