И покрај тоа што наполни 50 години во февруари, за Џенифер Анистон се чини дека времето стои. Една од најпознатите актерки во Холивуд сè уште има тело на кое и завидуваат, а нејзината тајна е здрава и лесна исхрана.
„Мојата исхрана е прилично здрава: Јадам многу органско овошје и зеленчук, внимавам на внесот на шеќер, пијам многу вода и добро спијам. Јас си дозволувам да правам грешки од време на време, но веќе не си поставувам правила “, изјави таа.
Нејзиниот појадок е секогаш вкусен. Наутро, вели таа, прво пие лимонада, а потоа и шејк од авокадо со јајца.
Понекогаш јаде и каша со банана или овесна каша со белка од јајца.
За ручек, таа претпочита едноставни и лесни салати полни со протеини.
За вечера повторно јаде зеленчук и протеини.