Ќерката на глумецот Мигел Сервантес, која имаше три години, почина како последица од нападите на епилепсија што ги имала откога била 7-месечно бебе.
Тажната вест на Инстаграм ја соопшти сопругата на Сервантес, Кели.
– Апаратите не работат. Нејзиното креветче е празно. Тишината е заглушувачка. Аделаиде Грејс нè напушти неделата наутро. Таа замина во мир, во моите раце, опкружена со љубов. Таа конечно е слободна од болката и нападите, но нашите срца се скршени. Не може да се опише колку те сакаме, Аделаиде, бумбарче, и ќе те сакаме засекогаш, напиша мајка ѝ со слика од празното детско креветче.