Мерил Стрип ќе глуми во црна комедија

Од:

Мерил Стрип ќе ја има главната улога во црната комедија „Пералница”, за која вели дека наликува на лоша шега што некој ја направил врз целото општество.

Легендарната глумица која е на самиот праг на осмата деценија од својот живот, ќе глуми жена од средната класа, излажана за пари што ги должи. Филмскиот проект е на Нетфликс.

Приказната се заснова на познатата новинарска сторија „Панамски документи“ (Panama Papers), што стана актуелна 2016 година, и разоткри глобална шема чија основа се адвокати од Панама. Тие им „помагале” на богати клиенти и компании да избегнат плаќање даноци, со што се затаени милијарди долари.

– Ова е забавен и динамичен начин да кажеш многу, многу мрачна шега, приказна со „црно срце“… Шега што некој ја направил со сите нас, изјави Мерил Стрип.

Режисерот Стивен Содерберг за списанието „Варајети” изјави оти најважно е дека „го погодиле тонот“ кон публиката, така што гледачите нема да се чувствуваат како неинформирани.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска