Лепа Брена одлучи да им поакжае на своите фанови што е тајната на нејзината добра линија. Пејачката за која нејзините фанови милуваат да кажат дека е жена на која годините не и можат ништо, на твитер сподели фотографии на кои вежба јога.
За тоа колку редовно ја практикува јогата, говори и фактот што твитер-фотките се направени за време на летниот одмор на пеачката.
51 годишната Брена во јога поза со нозете кренати нагоре уште еднаш ја потврди својата безпрекорна линија, за која напишала дека се должи најмногу на нејзиното омилено откровение – јогата.
„Делува смирувачки на целиот организам и ве тера да се прифатите и сакате себе си онакви какви што сте„ – напишала една од најголемите екс ју ѕвезди на својот твитер профил.