Бритни Спирс повторно предизвикува гневни коментари на интернет

Од:

Бритни Спирс се пофали на Инстаграм со своите не така нови „Лубутин“ чевли и, по којзнае кој пат, повторно предизвика серија гневни реакции на јавноста. Самиот придружен коментар беше повод за сѐ тоа.

– Пред четири години, го купив мојот прв пар чевли од Кристијан Лубутин, од змиска кожа, кои чинеа 6.000 долари. ПС: Никогаш не ги облеков, напиша Бритни.

Некои следачи го протолкуваа ова како расипништво… „Требало да ги донираш парите на сиромашни, наместо да се фалиш додека просечните жени не можат да скрпат крај со крај”, „Можеш да ми ги испратиш мене, јас ќе ги продадам и ќе обезбедам ручек за целиот мој град“ – гласат дел од коментарите.

На некои пак, им пречеше тоа што чевлите се од змиска кожа.

„Честитам на придонесот кон убивањето животни, и тоа за џабе“, „Можете да ја оставите змиската кожа онаму каде што припаѓа – на змијата”, искоментираа други двајца следачи.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска