Дека не е добра идеја да се закачате со Вил Смит, иако важи за еден од добрите момци на Холивуд се увери и украинскиот водител Витали Сејдук.
Шоуменот се обиде да го бакне во уста популарниот глумец и си доби шамар и вцрвенет образ.
Вил Смит вчеравечер беше во Москва со цел да го презентира премиерно третото продолжение на Луѓе во црно. Кога 43 годишниот глумец застанал на црвениот тепих со цел да одговори на неколку прашања на новинарите, Сејдук му се втрчал се обидел да го гушне и бакне во уста како дел од измамите кои им ги прави на популарните личности.
http://www.youtube.com/watch?v=psOzvTVQ3xo
Вил успешно ги избегнал двата обиди на Сејдук и бакнежите завршиле на неговите образи, но веднаш потоа силно го удрил во образот, обраќајки му се со зборовите: Човеку, кој по ѓаволите е твојот проблем?
Ексклузивните слики на руската телевизија LifeNews од лутиот рапер и глумец како дели „шамари“ се топ тема во земјата.
Глумецот познат по својата прва улога на Младиот принц од Бел Ер подоцна изјавил: Тој се обиде сочно да ме бакне во уста, има среќа што не „го скршив од ќотек“.
Витали е познат и по минатогодишниот инцидент кога се обиде на Мадона да и подари хортензија, нејзиното најомразено цвеќе. Поп иконата тогаш превртуваше со очите и правеше гримаси со лицето но сепак накрајот го прифати цвеќето.