Поранешниот маж на Ејми Вајнхаус преку тужба бара милион фунти

Од:

„Поранешниот сопруг на Ејми Вајнхаус, наркоман, сака да заработи милион фунти од нејзиното имотно право, осум години по смртта“, наведува британски The Sun во првата реченица од текстот за веста која предизвика гнев меѓу фановите на пејачката ширум светот.

Семејството на Ејми бесно порача дека нејзиниот поранешен маж, Блејк Филдер Сивил, зака за ги зграби парите на Вајнхаус, а не заслужил ништо.

Филдер Сивил кој признал дека ја навлекол Ејми на хероин, бара исплата на паушален износ, плус месечен надомест.

Извор близок до семејството кое со соочува со Филдер на суд вели:

– Ова е некој кој има потрошено многу пари од Ејми додека биле заедно.

– Исто така има поминато многу време во затвор, носејќи на сите само болка. Да му се даде нему уште една паричка би било премногу. Да се каже дека не е соодветно за него да добие нешто од богатството на Ејми би било потценување, додал изворот.

Ејми, која почина на 23-ти јули 2011-та година, на 27-годишна возраст, не остави тестамент. Нејзините пари по оданочувањето од 2.94 милиони фунти отидоа кај нејзината мајка Џанис и таткото Мич.

Се верува дека по нејзината смрт вредноста на богатството пораснало.

Поранешниот маж на Ејми, Филдер, преку адвокат им соопштил дека поднел тужба, затоа што бил со Ејми шест години, за време на кои, таа ги создала некои од најдобро продаваните материјали.

Тужбата е поднесена неколку дена по 8-годишнината од смртта на пејачката.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска