Славната пејачка, 44-годишната Натали Имбрулија објави дека е бремена и дека го очекува своето прво дете. Како што наведе, таа забременила со вештачко оплодување со сперма донирана од анонимен човек. Освен што откри дека е бремена, Натали го најави и новиот албум.
„Како што можете да видите врз основа на сликата, имам уште едно соопштение, и не, не проголтав лубеница, ќе го добијам моето прво дете наесен. За вас, кои ме познавате, ова беше нешто што долго време го посакував и благословена сум што ова е можно со помош на VTO и донорот на спермата. Нема веќе ништо да говорам јавно на таа тема. Возбудена сум поради оваа следна авантура… доаѓа новиот албум и јас ќе станам мајка“, напиша Натали на Инстаграм.