Прекрасната Џенифер Лопез, една од најславните личности на денешницата, во средата, на 24 јули наполни 50 години, што ретко кој би можел да поверува со оглед на тоа како изгледа.
Како што се очекуваше, Џеј Ло организираше забава за паметење, со помош на својот вереник Алекс Родригез кој на својата поубава половина и подари скап автомобил, црвен кабрио „Porsche Carrera 911 GTS“ на чии регистарски таблички ги пишува иницијалите на пејачката, односно логото од нејзините турнеи.
За оваа прилика Џенифер носеше креација на Версаче и Џими Чу чевли.
Покрај скапиот автомобил, Алекс ја изненади славеничката и со голем огномет.