МАН: Наместо да дава одговори, Владата ќе ги забранува информациите

Од:

На прес конференција владата најави свои акциски план за државна контрола на информации под формален назив – сузбивање дезинформации и лажни вести. Доколку сака да сузбие лажни вести, владата може и треба да поработи во сопствениот двор, а нема никакви законски овластувања да контролира вести објавени од медиумите и самата таа да ги оценува дали се лажни не, зависно од тоа дали одговараат на потребите на владата или не, смета Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Доколку некоја вест е лажна, во Македонија постои закон за навреда и клевета и лажно информирање кој е во сила и за што оценка дава надлежен орган – Суд, се наведува во соопштението на МАН.

Владата нема ингеренции ниту смее да биде судија наместо Судот, велат оттаму.

Информациите ги произведуваат комерцијални медиуми (освен јавниот сервис), како што велат од МАН, и тие имаат правна, економска и пазарна одговорност за своето работење. Јавноста одбира кој ја има довербата, а кој не.

МАН ја повикува Владата веднаш и без одложување да се откаже од својата намера таа да оценува која вест е добра, вистинита, лажна или сомнителна, односно да воведува цензура во 21 век кога секој граѓанин може да чита вести за Македонија било да е медиумот од Македонија или да се пишува и објавува од било кое друго место во светот.

Би можело да ве интересира

МАН: Целосна поддршка на „Медиум Објектив“ во одлуката да започнат со штрајк

Ана Ололовска

МАН: Ние предлагаме интернет-порталите законски да станат медиуми, ЗНМ се противи

Жарко Настоски

МАН: Собранието да ги избере новите членови во советите на МРТ и на АВМУ преку постоечкиот закон

МАН: Тричковски треба да биде санкциониран, „Слободен печат“ да се огради од неговите ставови

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Протест за поддршка на сопственикот на „Инфомакс“: Притисокот што се прави е неподнослив

Кристијан Ландов

Македонската асоцијација на новинари бара премиерот да се извини