Мараја Кери: Спиев само со петмина

Од:

Еден од најмоќните вокали на светот, Мараја Кери не бега од незгодни прашања. Па, така, во интервју за „Космополитен”, говорејќи за својот личен живот, таа откри дека спиела само со петмина мажи.

– Не сум имала многу мажи, но сите беа различни. В кревет сум била со само пет луѓе во целиот живот, па мислам и дека сум „невина“ во споредба со некои свои колешки, се пошегува пејачката која е на самиот праг од шестата деценија од животот.

Од 1993. до 1998 година, Мараја беше омажена со музичкиот продуцент Томи Мотола, а по него две години беше во врска со пејачот Луис Миѓел. Потоа, во 2008. се омажи за Ник Кенон, исто така пејач. Откако во 2016 се разведе од него, се сврши со австралискиот милијардер Џејмс Пакер.

Поп-дивата во овој миг е во врска со 13 години помладиот танчер Брајан Танака. Тоа е сè што јавноста знае за неа.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска