Кога од националниот парк каде беше на програмата за обука за млади ренџери, зела со себе две дрвени стапчиња, малата Еви чуствувала вина и ги вратила со писмо на извинување.
Девојчето Еви од куќата на националниот парк Јосемити зела две стапчиња. Имала грижа на совест, па напишала писмо со извинување и стапчињата кои не смеела да ги земе ги испратила назад.
Американскиот национален парк Јосемити на децата од седум до 13 години возраст им нуди посебна програма на обука за да станат млади парк ренџери. Низ обуката успешно помина и малата Еви чие писмо до управата на националниот парк откако еден од вистинските ренџери го објави на Reddit, стана вирално.
– Драги ренџери, јас сум млада ренџерка и неодамна го посетив Јосемити. Случајно дома понесов две стапчиња. Знам дека од паркот не би смеела ништо да земам, затоа стапчињата ви ги враќам назад. Ве молам да ги вратите во природата. Ви благодарам, Еви, стои во писмото на девојчето со кое се приложени двете парчиња дрва.