Фудбалерот на Васко де Гама, Макси Лопез се поажали на некоректниот однос од страна на поранешниот пријател Мауро Икарди, кој му ја „украде“ поранешната сопруга Ванда Нара.
– Постои судско решение кое не се почитува. Тие не ми дозволуваат да ги видам моите деца. Само два пати ги видов во последната година. Секогаш кога се обидувам да воспоставам контакт со Ванда, тоа излегува на социјалните мрежи.
Ние не зборувавме долго време, не ме почитуваат. Му реков на новиот сопруг на мојата поранешна жена дека ќе ме разбере само кога ќе стане татко. Тие ме измачуваат кога ќе видам како ги искористуваат моите деца, изјави Лопез.
Поранешниот соиграч го обвини Икарди дека неколкупати ги прекинувал разговорите со неговите деца со насилно спуштање на слушалката.