Лејди Гага и Бредли Купер веќе неколку месеци се под будното око на медиумите, а толку време и се шпекулира дека се во љубов. Тоа наводно било и главната причина за прекинувањето на врската меѓу познатиот актер и моделот Ирина Шајк, со која бил во врска четири години, а заедно имаат и ќерка.
Во првото интервју што го дала Ирина по разделбата со Бредли, навела дека и понатаму верува во љубов.
Во меѓувреме медиумите почнаа да објавуваат дека Лејди Гага веќе се вселила во куќата на Бредли во Њујорк, вредна 13,5 милиони долари.
– Сега кога неговата врска со Ирина е завршена, Гага нема да дозволи Бредли да и се „лизне“ од раце. Таа дури и пренела дел од своите работи во неговиот дом, рече извор, близок до двојката за списанието „In Touch“.
Истиот извор наведува дека Гага купила многу фустани, чевли и долна облека, а Бредли наводно и отстапил дел од својот плакар.
Освен тоа, тврди изворот, Лејди Гага пренела и дел од својот мебел и започнала да го уредува домот по свој вкус.
Но, тоа не е се. Кружат гласини дека е многу можно да се случи и венчавка меѓу славната двојка, која ќе биде голема и раскошна.