Ќерката на Ивана Трамп и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, 38-годишната Иванка пристигна со својата луксузна јахта во Црна Гора.
Нејзината јахта е вкотвена во луксузното пристаниште Порто Монтенегро во Тиват.
Убавата Иванка во Црна Гора е дојдена деловно, односно поради еден градежен проект.
На ќерката на Трамп ова не и е прв пат да крстари по Јадранот. Таа во 2016-та година со семејството и пријателите, во Дубровник изнајми јахта долга 138 метри.
Инаку јахтата „Rising Sun“ е поим за луксуз и комфор. Има 5 спрата и 82 соби. Спратовите меѓусебе се поврзани со лифт, има голем спа центар, теретана, кино, кошаркарски терен, музичка просторија со клавир и други инструменти, базен, вински подрум, а на нејзе може да слета дури и хеликоптер.