За време на апсењето на Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон во април 2019 година, тој наводно, извикувал: “Ова е незаконско, не заминувам”. Адвокатот на Асанж, Џенифер Робинсон, изјави дека апсењето на основачот на Викиликс е “опасен преседан”.
Шпанска приватна фирма за обезбедување, која има задача да ја заштити амбасадата на Еквадор во Лондон помеѓу 2012 и 2017 година, го шпионирала основачот на Викиликс, додека беше засолнет во амбасадата, објави шпанскиот весник Ел Паис.
Весникот добил документи, видеа и аудиоснимки кои потврдуваат дека вработените од компанија за обезбедување Undercover Global S.L. собирале информации за Асанж, како и за неговите адвокати и асистенти.
Документите се конкретно од состанок на Асанж со неговите поддржувачи додека се разгледува стратегија за неговата одбрана.
Тимот на Асанж, планирал да го пренесе од амбасадата на Еквадор во Русија или во Куба, известува весникот. На крајот од денот “овие тајни проекти не беа спроведени поради неподготвеноста на Асанж кој ги сметаше за „пораз”, објави Ел Паис.
Информациите добиени од вработените во Undercover Global S.L. се доставени до сопственикот на компанијата, Дејвид Моралес, кој одбива да потврди дали неговата фирма го шпионирала Асанж.