(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Од:

Полицијата во САД вчера усмрти ученик пред средното училиште Маунт Хореб во Висконсин по пријава за лице кое носи пиштол.

„Никој друг не е повреден, истрагата е во тек“, изјави на прес-конференција државниот обвинител на Висконсин Џош Каул.

„Полицијата одговорила на пријава за лице со оружје пред средното училиште. Тие одговориле на наведената закана и употребиле смртоносна сила. Се работи за ученик“, додаде Каул.

Училишната област вчера на својата Фејсбук страница објави дека има лице со оружје во близина на средното училиште Маунт Хореб, пишува NBC News.

„По претресот, не најдовме дополнителни осомничени. Што е уште поважно, немаме извештаи за повредени освен наводниот напаѓач“, се вели во соопштението.

Началникот на училишната област Стив Салерно им рече на новинарите дека безбедносните мерки во училиштето спречиле можна полоша трагедија.

„Според нашиот систем, човек може да влезе во училиштето само откако ќе заѕвони на вратата. Најмногу сум горд на некои наставници и вработени. Би сакал да ги пофалам и учениците кои пријавиле дека некој се приближува до училиштето“, рече Салерно.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас