ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Од:

Девојче од Пенсилванија починал откако со месеци била мачена од нејзиниот татко и маќеа, пишува Дејли мејл.

Малинда Хогланд (12) беше пронајдена „едвај жива“ од полицијата на 4 мај, откако нејзиниот татко Рендал Хогланд се јавил на 911. Тврдел дека со велосипедот удрила во дрво. Малинда, која тежела само 22 килограми, починала неколку часа по пристигнувањето во болница. Персоналот бил шокиран од нејзината физичка состојба. Имала модринки, скршеници и оштетен црн дроб.

Хогланд (52) и неговата свршеница Синди Ворен (45) беа обвинети за нејзината смрт два дена подоцна.

DailyMail ги прегледа објавите на парот на социјалните мрежи. Тие забележале дека таткото престанал да објавува фотографии од неа на почетокот на јануари, но продолжиле да објавува фотографии од синот Гевин, за кој полицијата вели дека не бил малтретиран. Девојката, пак, на последните фотографии кои ги објави нејзиниот татко изгледа слабо, а на раката има модринки.

Маќеата на девојчето во 2009 година се изјаснила за виновна затоа што не го спречила нејзиниот поранешен сопруг да го претепа неговиот тригодишен син Исаја. Тој е осуден на затворска казна за злоупотреба на момче, но и за убиство на двегодишната ќерка од претходната врска.

Полицијата соопшти дека Малинда престанала да оди на училиште во декември и често била врзана за мебелот во подрумот. Се појавувала, рекле, на онлајн предавања, но била врзана за да не се гледа на камерата.

На видеата, кои парот ги избриша, наводно се гледа степенот на малтретирање на девојката. На некои од нив Малинда била принудена да спие на под, без перница или ќебе. И кажале дека не треба да очекува појадок, ручек или вечера. Тие, исто така, наводно ги избришале пораките пред да се јават на 911. Меѓутоа, полицијата успеала да ги врати пораките во кои разговарале за нејзината влошена здравствена состојба.

И двајцата се обвинети за обид за убиство, напад и киднапирање, а истражителите велат дека се можни дополнителни обвиненија, вклучително и убиство.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил