Актерката Софи Тарнер, која стана позната преку улогата на Санса Старк во серијата Game of Thrones и музичарот Џо Џонас своите фанови на друштвените мрежи ги израдуваа со фотографии од својата венчавка.
Познатата двојка свадбената прослава ја одржа во Франција, а 23-годишната Софи носеше раскошна венчаница во која изгледаше бајковито.
Фустанот на Софи привлече посебно внимание затоа што станува збор за дизајн на „Луј Витон“, а ја креирал лично Николас Гескјер, уметнички директор за женската колекција на оваа голема модна компанија.
– Господин и госпоѓа Џонас, напиша актерката во описот на сликата што ја сподели на Инстаграм.
Софи и Џо се верија во 2017-та година. Тие се венчаа на почетокот на мај во Лас Вегас, а потоа организираа уште една свадбена церемонија кон крајот на јуни, поголема и погламурозна од првата, на луксузен имот на југот во Франција.