Познати америкaнски ѕвезди, меѓу кои глумците Роберт де Ниро, Мартин Шин, Лоренс Фишбурн и Софија Буш, продуцентот Роб Рајнер и писателот Стивен Кинг, снимија видео во кое ги изложуваат своите аргументи дека претседателот Доналд Трамп на власт дошол со руска помош.
Тие тврдат дека во 2016 година „руската власт ја нападнала демократијата“ во САД со тоа што покренала „масовна тајна операција за да му помогне на Доналд Трамп да дојде на власт“.
Exclusive: @robreiner, @SophiaBush, @StephenKing, @jvn, and more are cutting through the Trump administration’s lies about the Mueller report pic.twitter.com/HaQRWj7KNK
— NowThis (@nowthisnews) June 21, 2019
– Доналд Трамп, ако слушаш, во име на целиот американски народ, ќе одговараш за тоа оти никој, па дури ни претседателот на САД, не е над законот, се вели во видеото.
Притоа, глумците се повикуваат на извештаите на Роберт Милер. Официјалниот став на Белата куќа е дека „тие документи се пропаганда и Милер нема посочено цврсти докази за неговите твдења“.
На крајот на снимката, јавните личности истакнуваат дека американскиот претседател треба да се уапси.