По напорната сезона, Кристијано Роналдо, заедно со девојката Георгина Родригез и децата, го поминува својот одмор во Грција.
Фудбалската ѕвезда е сместена во вилата Метони, која се наоѓа во луксузниот дел на Коста Наварино.
Според пишувањата на медиумите, Роналдо и неговата поубава половина за еден ден во оваа вила плаќаат 8.000 евра.
Во меѓувреме, Роналдо објави фотографија на Инстаграм, на која го покажа своето совршено тело и многу брзо доби над 9,5 милиони лајкови.