Глумицата Силвија Мајлс, номинирана за Оскар за филмовите „Полноќен каубоец“ и „Збогум, драга моја“, почина на 94-годишна возраст.
Веста за смртта на Мајлс, која починала во нејзиниот дом во Њујорк, ја соопштија нејзините блиски пријатели, актеката Џералдин Смит и новинарот Мајкл Мусто.
– Интервјуата со Мајлс (во 70-те години на минатиот век) беа моите први позначајни написи. Таа беше амбициозна и харизматична… И беше многу горда на своите две номинации за Оскар, изјави Мусто, кој пред неколку децении требало да добие и епизодна улога покрај неа и Смит во нискобуџетен филм.
Силвија Мајлс е сепак најпозната по филмот „Полноќен каубоец“ во кој настапи со Џон Војт и Дастин Хофман.