Шестмесечната ќерка на Бијонсе и Џеј Зи, Блу Ајви Картер прогласена е за почесен граѓанин на хрватскиот остров Хвар, затоа што го носи името по дрвото „син бршлен“, кое пејачката го видела на островот.
Многу познати личности го посетиле Хвар, но кога некој ќе му даде име на детето по, во овој случај дрво од ова место, тоа секако заслужува признание“, рече градоначалникот на Хвар, Пјерино Бебиќ.
Бијонсе за време на бременоста го посети Хвар со сопругот Џеј Зи, каде видела прекрасно сино дрво, кое подоцна и послужило како инспирација за името на ќерката која се роди на почетокот на јануари.