Иванишевиќ: Ѓоковиќ може да го надмине Федерер по бројот на Гренд-слем титули

Од:

Новак Ѓоковиќ може да го надмине Роџер Федерер по бројот на освоените Гренд-слем титули. Ова го сподели легендата на светскиот тенис, Горан Иванишевиќ.

Денес Ѓоковиќ излегува против Александар Зверев во натпревар од четвртфиналето на Ролан Гарос. Ако триумфира во Париз, тој ќе стане само втор тенисер во историјата кој ќе ги има сите титули од „големата четворка“ во еден период. Српскиот тенисер ги освои последните три Гренд-слем титули.

– Минатата година никој не веруваше дека Ноле ќе се врати. Неколку месеци подоцна тој ги освои сите Гренд-слем титули. Мислам дека може да го подобри рекордот на Роџер. Тој е здрав, концентриран. Ако победи во Париз, му остануваат „Вимблдон“ и Ју Ес Опен за „Голем слем“. Се е можно. На „Ролан Гарос“ можеби Надал е со 1 процент повеќе фаворит, но јас би сакал Ѓоковиќ да победи, изјави Хрватот.

Би можело да ве интересира

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех