Познатиот актер наводно е во врска со преубавата Амбер Херд, со која глумеше во филмот „The Rum Diary“.
Џони Деп неодамна ја прекина 14-годиншната врска со Ванеса Паради, а како причина за нивното раскинување се спомнувам Амбер.
Херд, која пред две години изјави дека е бисексуалка, забележана е како се качува во приватниот авион на Деп.
Џони Деп и Ванеса Паради беа во врска од 1998. година, а како што пренесуваат медиумите, актерот е подготвен да остави пола од својот имот, на француската пејачка, кој изнесува скоро 300 милиони долари.