Седуммината француски туристи кои беа киднапирани во Северен Камерун и киднаперите ја преминале границата и се наоѓаат во соседна Нигерија, соопшти камерунската Влада.
– Киднаперите ја минале границата со Нигерија заедно со заложниците, се вели во соопштение на камерунското МНР.
Според нив, киднапирањето се случило вчера наутро и заложници се седумчлено семејство туристи – тројца возрасни и четири деца. Инцидентот се случил во село близу границата со Нигерија. Тоа е првпат Французи да бидат киднапирани во населено место во Камерун.
Париз се сомнева дека киднапирањето го извршиле од нигериската исламистичка група Боко харам. Франција беше под закана за одмазда од терористички групи откако почна со воената операција во Мали.