Арамија „плати“ со живот поради кражба на камион од опасен газдата

Од:

Жител на Тексас убил маж кој наводно му го украл камионот. Газдата успеа да му влезе во трага благодарение на уредот за следење „Air Tag“, соопшти полицијата на Сан Антонио.

Инцидентот се случи минатата среда во трговски центар во југоисточниот дел на градот. Сопственикот на камионот со помош на „Air Tag“ успеал да ја пронајде локацијата на своето возило.

Официјални лица рекоа дека добиле пријава за украдено возило во средата околу 13 часот од дом во северниот дел на Сан Антонио, објави Фокс њуз. Сопственикот на камионот го следел своето возило на околу 30 километри од местото каде што беше украдено.

Наводниот крадец не знаел дека возилото се следи, рекоа властите, кои пронајдоа неколку чаури и два автомобили со дупки од куршуми на прозорците. Официјалните лица утврдуваат дали осомничениот ќе биде обвинет за фаталното пукање. Полицаецот Ник Солиз рече дека луѓето не треба да ги земаат работите во свои раце ако нивното возило е украдено.

– Никогаш не е безбедно како што покажува овој инцидент – додаде тој.

Портпаролот на Apple истакна дека нивната апликација е дизајнирана да им помогне на луѓето да ги лоцираат своите работи, а не да ги следат луѓето или имотот на другите луѓе. Компанијата остро ја осуди секоја злонамерна употреба на нивните производи.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност