Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, го отфрли информациите на весникот „АС“, дека сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
„Апсолутно лажна вест“, напиша 29-годишниот Германец на Твитер.
Денес, популарното шпанско издание ги прошири информациите дека халфот ќе побара нов предизвик.
Во веста се вели и дека „кралскиот“ клуб е подготвен да го продаде за да го освежи средниот ред.