Фудбалерот на Реал, Тони Крос по три години се враќа во германската репрезентација

Од:

Фудбалерот на Реал, Тони Крос денеска соопшти дека по тригодишна пауза се враќа во германската репрезентација.

“Момци, во март повторно ќе играм за Германија. Зошто? Затоа што ме покани селекторот Јулијан Нагелсман, затоа што сум подготвен за тоа и затоа што сум сигурен дека оваа репрезентација може многу повеќе на Европското првенство отколку што мислат повеќето”, напиша Крос на Инстаграм.

Крос последен пат за Германија играше на Европското првенство во 2021 година, кога Англичаните победија со 2:0 во осминафиналето. Тоа беше на 29 јуни 2021 година, а три дена подоцна Крос објави дека се повлекува од националниот тим.

Би можело да ве интересира

Крос ќе замине во пензија

(ВИДЕО) Крос се изнервира од новинар: Имаше 90 минути и смисли вакви две п*срани прашања

Тони Крос „смени плоча“ откако стана јасно дека Реал ќе ги намали платите

А1он

Крос за заминувањето од Реал: Апсолутно лажна вест