А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Џолев: Судот досега нема добиено никакво барање за аболиција

by А1он11/04/2019 - 14:2111/04/2019 - 14:23329
Share0

Судот досега нема добиено никакво барање за аболиција, ниту од обвинет, ниту од осудено лице, изјави денеска на брифинг со новинари претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Следете a1on на Instagram Instagram

Џолев, во однос на пишувањата во медиумите за можна аболиција од претседателот на државата, рече дека не е добро судот однапред да се произнесува и да зазема став по нешто.

– Претседателот на државата има право да донесе аболиција и тоа е факт. Ако биде донесена аболиција, судот тогаш ќе се произнесе и ќе проценува по неа, изјави Џолев.

Во однос на предметите „Труст“ и „Тенк“, претседателот на судот Џолев, рече дека се уште не се вратени од Апелација и дека се почитуваат доследно сите мерки за претпазливост.

Следете a1on на Youtube YouTube

На брифингот во Кривичниот суд, денеска информираа дека пресудите за случајот „27 април“ се уште не се изготвени и дека законскиот рок за тоа, соглано член 11, изнесува 60 дена.

Во однос на наводите во медиумите за чести изземања на поротниците од случаите, на брифингот беше посочено дека постојано има движење на поротници и дека тоа е нормален процес. Според статистиката за 2018 година 12 судии поротници биле разрешени од предмети поради наполнета старост, 27 на одлука на судскиот совет и двајца на лично барање, додека биле избрани 34 нови.

– Сите пресуди се носат со гласање на судии и поротници. Конкретно пресудата за „27 април“ е донесена со резултат од 5:0 по гласањето од тројца портоници и двајцата судии во предметот, изјави Џолев.

Појаснија дека за предметот „27 април“ има и јавна изјава на еден од поротниците дека поднел барање за изземање поради здравствени причини, но останал до крај за да не наштети на постапката.

27 aprilsjosudstvotenktrust

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:2126/03/2026 - 13:28

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто