Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Од:

Предлог-законот за судска служба на Министерството за правда, наместо да претставува реформски чекор напред, е опасен обид за враќање на судството две децении наназад и за дополнително зајакнување на влијанието на извршната власт врз судската власт, велат од Левица.

– Токму затоа Левица поднесе 50 амандмани, изработени врз основа на предлозите и забелешките на синдикатите и претставниците на судските службеници, кои предупредуваат дека предложените решенија ја загрозуваат независноста на судството и ја влошуваат положбата на вработените. Најилустративен показател за суштината на овој закон е односот 5:1 на кој предупредија самите судски службеници. Од вкупно околу 1.800 вработени во судовите, само околу 300 вработени би биле опфатени со новата категорија која Владата ја претставува како реформска, додека дури 1.500 вработени и понатаму би останале под режимот на Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор. Тоа значи дека за огромното мнозинство вработени во судовите и понатаму ќе се задржи зависноста од извршната власт. Со други зборови, ова не е закон што ја намалува политичката контрола врз судството, туку закон што ја институционализира.

Дополнително, законот воведува поделба на вработените во судовите на „судски службеници“ и „државни службеници“, иако сите тие работат во функција на правораздавањето и функционирањето на судовите. Ваквата поделба создава нееднаков третман меѓу вработените, отвора простор за дискриминација и го нарушува единството на судската служба.

Особено загрижува фактот што и членови на работната група што го подготвувала законот јавно се оградија од неговата содржина, оценувајќи дека тој не е ниту реформски, ниту применлив во пракса.

Дополнителен удар врз судската служба е предвиденото укинување на додатокот за висок ризик и доверливост. Судските службеници секојдневно работат со лични податоци, доверливи предмети и чувствителни информации, поради што ваквиот додаток не претставува привилегија, туку признавање на специфичноста и одговорноста на нивната работа. Неговото укинување ќе значи дополнителна демотивација на вработените и ќе го забрза веќе алармантниот одлив на кадар од судовите.

Сосема е легитимно да се постави прашањето – кому му е потребно судство зависно од Владата? Одговорот е очигледен: на политичките структури на ДПМНЕ кои сакаат да обезбедат заштита за своите функционери и да го спречат гонењето на криминалот и корупцијата. Колку е послабо и позависно судството, толку е поголема сигурноста за функционерите кои ја злоупотребуваат власта.

Левица ги повикува пратениците на матичната комисија во понеделник да ги прифатат сите амандмани поднесени од Левица, бидејќи тие ги отсликуваат барањата на самите судски службеници и претставуваат минимум гаранција за зачувување на независноста на судската власт. Одбивањето на овие амандмани ќе биде јасна потврда дека Владата нема намера да спроведе суштински реформи, туку дека сака дополнително да ја зацврсти партиската контрола врз судството и да го врати правосудниот систем две децении назад, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мијалков не може да ја демантира неговата бизнис мрежа околу Барутана

А1он

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција ниту го бришат нивното минато и денешната реалност во Македонија

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија