Осака елиминирана во третото коло на турнирот во Мајами

Од:

Лидерката во светската ВТА листа, Наоми Осака (Јапонија) отпадна во третиот круг на силниот тениски турнир на тврда подлога во Мајами со награден фонд од 9 милиони долари. Осака загуби од број 27 во шемата, Су-Веи Сие од Тајван со 6:4, 6:7 (4), 3:6 за 2 часа и 18 минути игра.

Дваесет и едно-годишната тенисерка од Јапонија надмина негатива од 1: 4 во првиот сет, но по серијата од пет последователни гема го доби сетот со 6: 4. Во вториот дел, таа имаше предност од 3:1, но го изгуби својот сервис во десеттиот гем, а потоа и тајбрејкот. Во третиот сет Осака направи ран брејк, по што поведе со 2:0, но потоа противничката зеде шест од наредните седум гема и го затвори натпреварот.

– Ова е многу емоционална победа за мене. Секој пат кога ќе победиш против број 1 во светот е неверојатно, рече Сие по натпреварот.

Во следниот круг Тајванката ќе игра против поранешната број 1, Каролина Вознјацки од Данска, која ја елиминира Моника Никулеску (Романија) со 6:4, 7:6 (4).

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех