[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Американскиот милијардер Доналд Трамп оцени дека настапот на Бијонсе на „Супербоул“, бил скандалозен и крајно непримерен за една таква манифестација.
-Да беше кој било друг на нејзиното место, и да играше со колковите напред – назад, тоа ќе беше оценето како национален скандал. Мене ми беше смешно и сметам дека е сосема неприкладно – изјави Трамп, на гостувањето кај познатиот радио водител Хауард Стерн.
-Никој не го спомна нејзиниото скандалозно однесување на сцената, овој пат се извлече – додаде Трамп на кого очигледно популарната пејачка воошто не му се допаѓа.