Поранешниот бејзбол играч, сега успешмен бизнисмен ја побара за жена Џенифер Лопез за време на одморот, неколку недели откако ја прославија втората годишнина од врската.
„Рече да“, напиша 43-годишниот Алекс на својот Инстаграм профил покрај фотографијата на прстенот, која ја објави и Џенифер.
На латино дивата ова ќе и биде четврти брак, а на Алекс втор.
Џенифер од 1997 до 1998 беше во брак со Ојани Ноа, а во 2001 се омажи за својот танчер Крис Џад со кој се разведе една година подоцна.
По веридбата со Бен Афлек, во 2004-та стапи во брак со музичарот Марк Ентони со кој доби две деца.
Нивниот брак беше завршен во 2014-та година.
„Влетав во три брака. Овој пат сакам да бидам сигурна“, рече неодамна Џенифер.