Влатко Ѓорчев по изборот на Силјановска за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека изборот бил демократски и фер, а на Силјановска и честиташе на поддршката која ја доби од делегатите.
Ѓорчев се заблагодари за поддршката која тој ја добил од 80 делегати, а на новинарско прашање „Дали е разочаран“, не одговори конкретно, кусо кажа дека делегатите си го кажале своето.
Тој посочи дека изборната кампања ќе ја води нејзиниот изборен штаб, но, дека Силјановска може да смета на негова помош. Ѓорчев вели останувам зад лидерот на артијата Христијан Мицкоски, и ќе продолжи како и досега, сплотено, заедно да ги победиме СДСМ.
Ѓорчев не сакаше да даде ниту конкретен одговор на тоа дали ќе се кандидира повторно, тој изјави дека сега, во оваа прилика е рано да се зборува.