Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Од:

Народот на Македонија покажа дека секој оној кој го потценува, прави голема грешка, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по победата во првиот круг од претседателските избори на кандидатката Гордана Сиљановска-Давкова.

– Ветив дека ќе победиме со најмалку 100.000 гласови разлика, победуваме со повеќе од 170.000 гласови. Најлошо е кога човек ќе го потцениш, мислеа дека си имаат работа со мали деца. Но благодарение на народот покажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште многу долго време.

Се обидуваа да го делат народот, користеа структури од минатото на ВМРО-ДПМНЕ, но ние издржавме, ви благодарам од срце народе на Македонија – изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк