СДСМ: И на Влатко Ѓорчев му измислија функција, нема пари за работниците има само за функционерите на ДПМНЕ

Од:

И на Влатко Ѓорчев ВМРО-ДПМНЕ го смести во фотелја, му измислија државна функција како национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси. За измислената државна функција на Ѓорчев граѓаните ќе плаќаат над 105.000 денари месечно или над еден милион денари годишно. Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема пари за поголема минимална плата, нема пари за наставниците, за работниците, измислуваат функции за сместување на поранешни функционери и членови на ДПМНЕ, велат од СДСМ.

„Да биде иронијата уште поголема, токму Влатко Ѓорчев, како пратеник во 2020 година беше на чело на собраниската Комисија за труд и социјална политика и ги кочеше законите за зголемување на платите во образованието, законите за зголемување на пензиите, за зголемување на минималната плата. Ѓорчев не ги закажуваше седниците на комисија, ги кочеше дискусиите, ја прекинуваше седницата, бараше „финансиска оправданост“ на потребата за зголемување на платите. А денеска истиот тој Влатко Ѓорчев е награден од Мицкоски и ДПМНЕ со плата којашто е 5 пати поголема од минималната и 3 пати поголема од просечната плата. Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

На последната владина седница и Лилјана Затуроска е именувана за национален координатор, заедно со Верче Мицевска а претходно Павле Трајанов, Блерант Рамадани, Солза Грчева….Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па почнаа да си измислуваат позиции, како што е и предлог Законот за заменик на заменик директор на Царина. Невидено. Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ветуваа намалување на функционерските места, а сега гледаме дека ги зголемуваат. Се што ветија, излажаа и тотално се од народија“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ