Туск побара од Париз и Берлин да не ја запостават ЕУ

Од:

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, се надева дека француско-германската спогодба потпишана вчера нема да ја засени европската интеграција, јави дописничката на МИА во Брисел.

Ангела Меркел и Емануел Макрон вчера потпишаа билатерална спогодба за соработка помеѓу нивните две земји, кои се сметаат за моторот на европската интеграција.

Туск го поздрави овој договор но побара од двете земји да испратат “јасен сигнал“ дека Спогодбата од Ахен, како што се нарекува, нема да биде алтернатива на заедничката европска соработка.

Претседателот на Советот, кој беше присутен на церемонијата во Ахен, изјави дека француско-германската соработка треба да „работи за интеграцијата, а не на место на интеграцијата“.

Спогодбата од Ахен има за цел да ги приближи двете земји столбови на Унијата, и да поттикне, меѓу другото, економско приближување и да ја олесни билатерланата соработка во низа области, од транспорт до здравство.

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер од своја страна призна дека француско-германското пријателство некогаш ги „иритира“ другите земји, но дека таа „иритација се претвора во болка кога двете земји не се согласуваат“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија

Мртво девојче е пронајдено покрај брегот на Рајна, уапсени се нејзините родители

Германија протера авганистанско семејство, Варшава го осуди овој потег како кршење на законот

Горан Наумовски

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос