Иако ретко излегува на јавни места, славната актерка, 46-годишната Камерон Дијаз беше „фатена“ пред ресторан во нејзиното соседство, без грам шминка.
На црвениот тепих е секогаш средена и згодна, Камерон за ова опуштено излегување одбрала лежерна гардероба – светли фармерки и џемпер.
Мажите „лудуваа“ за актерката во текот на 90-тите години и честопати беше избирана за најубава жена на светот.
Иако ова издание предизвика негативни коментари, дека годините си го направиле своето, повеќето сметаа дека Камерон и понатаму е секс симбол и дека и ненашминкана изгледа совршено.
Таа пред три години ја стави актерската кариера настрана и се посвети на пишување книги. Досега напиша две, од кои едната е бестселер.