Роб Лоу: Грижата за изнемоштен близок е благородна, но и една од најтешките работи во животот

Од:

Милиони луѓе во светот ја жртвуваат својата кариера и дел од својот живот поради грижа за свој близок, кој е беспомошен или стар и изнемоштен, а 25 отсто од нив се родени во 80-те и 90-те години.

Американскиот актер Роб Лоу изјави дека стресот што го преживуваат тие млади луѓе, воопшто не е за потценување.

– Знам како е. Бев во своите 30-ти кога заедно со браќата се грижевме за мајка ни, која беше во четврти стадиум од рак на градите. Не бев многу подготвен, но тоа тоа е најблагородното нешто што сум го направил во мојот живот, но и едно од најтешките, истакна актерот.

За изнемоштените стари лица или пак за лицата со потешка попреченост кои претпочитаат да бидат згрижени дома наместо во посебни институции, многу е важно помошта што ја добиваат да биде квалитетна. Во дел од случаите, тоа се решава со стручни персонални асистенти, платени од државата или од домашниот буџет.

Во некои случаи пак, познавачите сметаат дека најдобар избор е наместо професионален згрижувач, тоа да биде некој од кругот на семејството, но за тоа да добива барем дел од парите кои влстите би ги дале за персонален асистент.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска