Грозје за подобар сон

Од:

Италијански научници од Институтот за билна вирологија во Милано (Istituto di Virologia Vegetale di Milano), на чело со докторот Марчело Ирти, наведуваат дека грозјето е полно со мелатонин, хормон кој учествува во регулирање на циклусот на сонот и будноста.


Кај луѓето хормонот мелатонин го лачи пинеалната жлезда во мозокот, при што нивото на мелатонин се зголемува навечер како поттикнувач на сонот, а опаѓа како што наближува денот.


Експертите тестираа екстракти од осум сорти грозје (Nebbiolo, Croatina, Sangiovese, Merlot, Marzemino, Cabernet Franc, Cabernet Sauvignon и Barbera), на присуство на мелатони, при што користеле два различни тестови за мелатонин.


Тие тогаш докажале присуство на мелатонин во различни концентрации, што зависело од сортата на грозје, а сортите Nebbiolo и Croatina имале најмногу присуство на хормонот.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов