Богоев: 15,5 милиони евра за нови патишта и инфраструктура во сите делови на Македонија

Од:

На 30 септември, гласаме за подобра инфраструктура и во руралните делови на Република Македонија. На годишно ниво, Европската унија ни помага со 90 милиони евра односно 260.000 евра на дневно ниво, посочи Стефан Богоев, член на Извршниот одбор на СДСМ при денешните средби со граѓани во Општина Чучер Сандево.

– Оваа Општина припаѓа на скопскиот регион, а делува отсечено, со лоша инфраструктура и поврзаност со урбаното јадро, рече Богоев.

Богоев говореше за придобивките од членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

– Очигледно е дека ова место, Чучер Сандево се соочува со лоши патишта, канализациона мрежа и пристапност. Предвидени се 15,5 милиони евра годишно за Македонија преку ЕУ програмата за транспорт. Конкретно, со овие средства ќе се подобруваат патиштата и мостовите, рамномерно во сите делови на нашата држава. Денеска патриотизам е да мислиш на своите деца, на сегашноста, а со гласот ЗА да инвестираш и во безбедна и сигурна иднина, во која младите ќе живеат тука, рече Богоев. Граѓаните се интересираа и за конкретната помош која ќе ја добијат општините. Во претстојните четири години, на располагање на сите единици на локалната самоуправа ќе и бидат 15 милиони евра – пари од Европската унија, за капитални проекти: градинки, училишта и болници, рече Богоев.

Тој посочи оти жителите на Чучер Сандево се свесни за важниот момент пред кој се наоѓа нашата држава.

– На само неколку часа пред одбележување на Денот на независноста, исправени сме пред нов предизвик – да го реализираме сонот на претходните и денешните генерации, да бидеме членка на ЕУ и НАТО. На 8 – ми септември по мирен пат се изборивме за самостојна држава. На 30 септември, гордо и достоинствено ќе свртиме нова страница, за повисоки плати, пензии и нови работни места, рече Богоев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов