Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Од:

Резултатите не се како што очекувавме, рече претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски на прес конференција по првиот круг на изборите.

„Веројатно разликата ќе биде околу 130.000 гласови. Очекувавме помалку, но утре е нов ден. Од утре почнуваме со средби со граѓани кои ги практикуваме до сега. Имаше седум кандидати и поради тоа гласовите се поделија на повеќе страни и веројатно некои од кандидатите кои отпаднаа земаа гласови кои беа претпоставени. Тргнуваме од почеток и мојата задача ќе биде да го промовирам концептот во кој длабоко верувам, тој концепт на држава која не е изолирана, која е интегрирана во Европа и држава која внатре нема поделби по било која основа“, кажа Пендаровски.

Тој очекува во вториот круг многу повеќе граѓани да го препознаат концептот кој го претставува.

„Нема да правам договор со некој од кандидатите за таканареченото механичко префрлање на гласовите. Ниту во 2014 година ниту во 2019 година не сум правел такво нешто за да механички преземам гласови од било кого. Тоа нема да го правам ни сега, едноставно на сите граѓани ќе им го презентирам мојот концепт“, посочи Пендаровски.

Според него, уште пред да почне изборната трка, кондицијата на коалицијата не била на исто ниво како во 2019 година.

„Исто така знаете дека без поддршка од коалиција на политички партии не можете да влезете во изборна трка. Успеав да додадам некаква вредност на коалицискиот потенцијал. Се надевам дека меѓу двата круга и тие ќе успеат да понудат повеќе“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он