На терените на Теннис Парк од сабота (1 јули) започнува Отвореното тениско првенство на Македонија во конкуренција на ветерани до 50 и 50+ години.
Мечевите ќе се играат на четирите земјени терени.
Распоредот со двојките ќе биде објавен в петок (30 јули).
Организаторите на турнирот ги покануваат сите љубители на тенисот да ги проследат натпреварите.