Жестока расправа и остри обвинувања во СБ на ОН за Венецуела

Од:

Новиот претставник на САД во ОН, Елиот Ејбрамс побара оваа недела Совеот за безбедност на Светската организација да гласа за резолуцијата, која, меѓу другото, ќе повикува на распишување нови претседателски избори во Венецуела, што покрена жестока расправа.

Ејбрамс, исто така, најави дека Вашингтон оваа и наредната недела ќе воведе дополнителни санкции кон „високи претставници на венецуелскиот режим“.

Тој на седницата на Советот за безбедност на ОН рече дека во Венецуела се мобилизирани „вооружени банди, разбојници и криминалци“, со цел да ја контролираат границата, што доведе со уништуваање на хуманитарната помош и ранување, претепување и убивање на граѓани на Венецуела, додека се обидувале да внесат храна и лекови.

Министерот за надворешни работи на Венецуела Хорхе Ареаса, одговарајќи на обвинувањата, рече дека САД организирале и финансирале „добро оркестрирана операција“, со цел да се наруши суверенитетот на неговата земја.

Според него, агресијата „дошла од колумбиска страна“, а за насилството ги обвини опозициските „разбојници и бандити“. Тој, исто така, нагласи дела мнозинството поврдени се всушност војници, полицајци и други лица задолжени за спроведување на законот.

Ареаса го повика Советот за безбедност на ОН да ја поддржи резолуцијата со која се отфрлува „заканата за употреба на сила против венецуелскиот народ“.

Шефот на дипломатијата на Венецуела порача дека „американската кампања за симнување на Николас Мадуро пропаднала“.

Рускиот претставник во ОН Василиј Небензја предупреди дека единствена цел на САД е смена на Владата во Венецуела, вклучувајќи и по воен пат.

Тој рече дека Москва не сака кога некој се меша во работите на други држави, поради што ќе поднесе поинаква нацрт- резолуција за Венецуела, во која повикува на дипломатско решавање на кризата.

– Вашингтон и Лондон во последно време го ограбија венецуелскиот народ за 30 милијарди долари нафта и банкарски имот. Ајде да ги наречеме работите со свое име – пред нашите очи очигледно се ограбува суверена држава. Обидувајќи се да ја осиромашат, со цел во рамки на концептот хуманитарана интервенција, која не е призната со меѓународното право, да се смени неподобниот режим, наведе Небензја.

Ејбрамс го пренесе ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп дека сите варјанти се на маса.

– Не им доликува на Русите да ни приговараат за воена интервенција, откако ги распрачија Грузија и Украина, додаде Ејбрамс.

Кина, од своја страна, повтори дека е против злоупотребата на хуманитарната помош во политички цели.

 

Би можело да ве интересира

САД ставија вето на приемот на државата Палестина во ОН

Израел: Паднаа маските

Горан Наумовски

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа