Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

Министерот Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

“Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, Министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

“Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година, кои за жал Руската Федерација не го почитува.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен предупредува: „Русија нè тестира“

Американците потврдија дека имаат оружје во вселената: „Одговор на Русија и Кина“

Циклус песни од Бранко Цветкоски објавен во рускиот неделник „Литературнаја газета“

А1он

Русија погоди воз непосредно откако по пругата поминаа поранешниот британски премиер и високи европски претставници

Предраг Петровиќ

Трамп: „Зеленски, престани“

Се урна мал авион во Русија – има двајца загинати

А1он